речник контакт

Се`уште не се идентификувани телата пронајдени во Вардар годинава

Се работи и на проверка дали автомобилот на судијата Адеми е намерно потпален или причина е инсталацијата

Петар Печков

 Во  Јавното обвинителство во Велес се`уште нема добиено податоци чии се телата на двете лица пронајдено во реката Вардар годинава.   Од таму информираа дека ,,во врска со идентификацијата на двете пронајдени тела кај Градско  на 28.06. и с. Ногаевци на 14.10 во тек е постапка на идентификување на истите,,.

Во  Институтот за патологија досега не е стигнат материјал од некој  од  роднините на исчезнатите лица во велешко или пошироко за кого се трага, чија ДНК ќе се поклопи со онаа на двете пронајдени тела, поради што тие засега не се идентификувани. А според облеката и телата, кои биле во фаза на трулеж, не може да се посочи кои лица се.  

Од Јавното обвинителство  информираа и дека ,,причината за изгорениот автомобил на судијата од Велес, Основното јавно обвинителство - Велес спроведува постапка на проверки и собирање на докази,,. На 14 октомври кога изгоре автомобилот ,,фолксваген пасат,,  сопственост на судијата Шефшет Адеми, од полицијата беше најавено дека ќе се истражува дали причина за опожарувањето на автомобилот е  инсталацијата или пак некој го има подметнато огнот. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »